top

IBS Transporter

Платформа за управување со транспортни компании

Оди на калкулаторот

Нашата програма е наменета за олеснување на управувањето со бизнисот, како за малите превозници, така и за големите транспортни компании со десетици возила во својот возен парк. Програмата располага со функции кои вашите секојдневни задачи ќе ги претворат во рутина, а за многу работи воопшто нема да треба да се грижите, бидејќи тоа ќе го прави програмата за вас.

transporter_screen

Целиот програм е навистина едноставен, со кориснички интерфејс кој е лесен за разбирање дури и за оние со минимални компјутерски вештини, така што обуката на вашите вработени за извршување на основните функции ќе трае само неколку минути.

transporter_screen

Програмата е поделена на неколку целини до кои лесно се пристапува преку менито. Основните функции на програмата вклучуваат манипулација со налози и товари, управување со тури, фактурирање на услуги и управување со процесот на наплата, управување со возниот парк и возачите, работа со влезни фактури и плаќања кон добавувачите.

transporter_screen

Достапна е и заедничка база на фирми со ажурирани податоци и рејтинг на фирмите, така што лесно можете да се информирате за доверливоста на вашите потенцијални партнери. Исто така, можете да го оцените секој партнер по завршената заедничка работа.

transporter_screen

Целиот систем работи во облак, така што програмата и сите податоци ви се достапни насекаде. Самата програма функционира без инсталација, може да се стартува од интернет прелистувач, но може да се инсталира и на десктоп компјутер и на мобилни платформи.

transporter_screen

Составен дел од нашето решение е и апликацијата за возачи, која е поврзана со вашата канцеларија, така што на возачите им се достапни во секој момент сите потребни податоци за налозите, товарите, техничките податоци за возилото, статистика и слично. Исто така, возачот во апликацијата ги внесува настанатите трошоци во врска со турите кои автоматски ви се достапни во канцеларијата.

transporter_screen

Како диспечерска, така и возачка апликација се достапни на повеќе европски јазици: англиски, српски, германски, хрватски, словенечки, мађарски. Бројот на нови јазици постојано расте, така што во моментот кога го читате ова, може да биде веќе достапен вашиот јазик или ќе биде многу брзо. Јазикот на апликацијата за возачите е независен од системот, што ви овозможува полесна комуникација со возачот, чиј јазик не е вашиот мајчин јазик.

transporter_screen transporter_screen transporter_screen

Достапни јазици

Апликација за диспоненти

Srpski
Srpski English Hrvatski Slovenski Magyar Deutsch Français Nederlands Polski Čeština Slovenčina

Апликација за возачи

Srpski
Srpski English Hrvatski Slovenski Magyar Deutsch Français Nederlands Polski Čeština Slovenčina Shqip Română Български Македонски Русский Українська

Цени и пакети

Оди на калкулаторот
Основен Премиум
Управување со возниот парк
Управување со возачите
Управување со налозите
Статистика на тури
Менаџер на обврските
Управување со излезните фактури
Управување со влезните фактури
Листа на европски фирми со рејтинг
Работа во облак
Чување документација во облак
Апликација за возачи
Испраќање документи преку апликацијата за возачи
Евиденција на примопредавање на возило
Услужливо управување со туѓи возила
Препраќање на налози на трети компании
Сателитско (GPS) следење на возила
Number of vehicles
Number of vehicles Цена
Основен Премиум
1 15 20
4 30 40
9 60 80
15 90 120
22 120 160
30 150 200
40 180 240
55 210 280
75 240 320
Број на диспечери
Број на диспечери Цена на доплата
1 0
2 20
3 35
4 45
5 55
6 65
7 75
8 85
9 95
10 100
Сите цени се изразени во евра и се однесуваат на месечниот износ за закуп на лиценцата. За годишно плаќање се пресметува попуст во висина од две месечни суми - плаќате за 10 месеци, користите 12. За економски субјекти со специфични потреби (поголем број на возила, возачи, диспечери, дополнителни функции) правиме посебни аранжмани. Фирми кои плаќаат месечна рента над 150 евра или купуваат годишна лиценца, можат да побараат интерфејс на јазик што моментално не е достапен. Рок за достапност: 2-3 дена. ☀ опциите не се стандардно вклучени во пакетот, но можат да се доплатат

Калкулатор на трошоци



Дали поседувате сопствени возила? (вклучувајќи ги и возилата кои ги управувате услужно)

Дали вршите услужна диспозиција?

Дали ги проследувате нарачките до други фирми?

Дали ви е потребно сателитско следење на возилата?
Број на возила за следење

Динамика на плаќање